Како изгледа обуката за стјуардеси во Кина?
Ако некогаш патувате со кинеска авиокомпанија, добро погледнете како стјуардесите ви ставаат кафе. Убавите насмевки и совршеното однесување на овие девојки се резултат на многучасовна интензивна обука и тешка работа. Погледнете низ што сѐ треба да поминат тие за да добијат работа како стјуардеса во Кина.
Овие шармантни девојки се студенти на колеџот за цивилно воздухопловство во Ченгду, во провинцијата Сечуан. Стјуардесите што се обучуваат вежбаат правилна насмевка на тој начин што меѓу забите држат стапче за јадење. А за да постигнат правилно држење на телото, ним им ставаат списанија на главите.
Друга вежба која им помага да добијат добро држење на телото е балансирањето. Така, на овие девојки им се става шише со вода за да одржуваат рамнотежа во период од 3 минути.
Стјуардесите кои се обучуваат исто така држат парче хартија помеѓу нивните колена, со цел да научат како да стојат правилно.
Млади мажи и жени се подложни на ригорозен тренинг за држење на телото, за да научат да се однесуваат соодветно за време на летот.
Безбедноста е исто така голем приоритет на овој колеџ. Постојат дури и посебни паралелки каде што студентите се учат на вештини за преживување и боречки вештини, како кунг фу и таеквондо.
Некои часови за боречки вештини се одржуваат на отворено и повеќе изгледаат како тренирање на војници отколку на нови стјуардеси.
Девојките вежбаат напорно за да станат посилни и да ја зајакнат силата на нивниот удар. Тие се обучени како да ги преминуваат пречките, но и како да се одбранат од напад со оружје. Полагањето завршен испит е последниот чекор за да се стане официјален член на екипажот на кабината, но оваа задача е многу предизвикувачка. За успешно да се заврши, студентите треба да скршат керамичка плоча со една рака, при нивниот прв обид.
Посебно внимание се посветува на часовите каде обучуваните стјуардеси се учат како да ги неутрализираат криминалните или терористичките напади кои би се појавиле за време на летот.
Тешко е да се поверува, но овие дами се подложни на строги и интензивни обуки, со цел да му обезбедат удобност и безбедност на секој патник во авионот.