Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?
Убавите спомени сакаме вечно да ги паметиме, а за таа цел е потребно и да ги негуваме. Едноставен, а убав начин да го сторите тоа, е да ѝ дадете антички изглед на некоја вашата постара фотографија или да ја украсите со предмети кои ве потсетуваат на тие времиња.
За реализација на оваа идеја, потребна ви е црно-бела фотографија, тегла полна со маслиново масло и неколку исушени цвеќиња или гранчиња. Фотографијата внатре ќе изгледа прекрасно!
Доколку пак сакате фотографијата да ја поврзете со спомени од некое убаво патување или летен одмор, во теглата ставете песок, школки, шишарки, приврзоци, украси…
Без да вложувате воопшто труд, можете да побарате малечка тегла или шише со широк отвор низ вашиот дом, кои ќе имаат улога на кул рамка за фотографиите од вашите сакани.
Ова е прекрасен начин да се сочува некоја убава меморија, нели!? 🙂