Како да ги препознаете луѓето со црна аура: Најтоксичните луѓе на Земјата!
Секоја аура може да биде затемнета од некоја сенка и може да ја промени нијансата од посветла во потемна. Колку е потемна бојата, толку аурата е во полоша состојба.
Аурата не одредува кои сме, туку одговара на прашањето „какви сме?“, или „колку сме духовно развиени?“.
Секој има своја аура со одредена нијанса и како што се развива, така се развива и неговата аура. Секоја промена во нашата свест, енергијата, емоциите, дејствата и воопшто, животот, има влијание врз нашата аура.
Но, кои се луѓето што имаат мрачна, црна аура?
Црната аура е често погрешно сфатена како нешто сосема негативно што треба да нè плаши, но нема причина да се плашиме. Црната аура е различна од другите аури, но со себе носи и одредени придобивки.
Не можеме да негираме дека црната аура има негативни карактеристики. Луѓето со црна аура се „енергетски вампири“ затоа што цицаат енергија од различни извори, наместо да ја шират и чувствуваат својата енергија. Ваквата нерамнотежа на енергијата носи лоши последици за нив и за нивното опкружување.
Со секојдневното соочување со стресни ситуации, лоши вести и негативна енергија, нашата аура станува валкана и потемнува ако не ја рефлектираме и негуваме.
Како настанува темната аура?
Црната аура најчесто настанува со непочитување на сопственото битие, самокритикување и понижување на самиот себе. Тогаш, негативноста започнува да ги опфаќа телото и душата и се создава црна аура.
Како да се ослободите од неа?
Ослободувањето од темната аура не е лесно и не се случува преку ноќ. Потребно ви е духовно прочистување за да ја освежите аурата и да ја претворите во светла, позитивна енергија. Сепак е можно да ја претворите темната аура во убава светла аура, ако дадете сè од себе и ја просветлите вашата душа и енергија.
Најдобар начин да го направите тоа е преку медитација или молитва. Ова се моментите кога имаме можност да ја почувствуваме и сфатиме нашата душа. Треба само да се разбереме и прифатиме себеси и нашето битие и полека да почнеме да се сакаме искрено.
Можеби сакате да дознаете и како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?