Како да ги одржувате овошјето и зеленчукот свежи?
9. Кромидот и компирите се чуваат одвоено
Ако ги чувате на исто место, тие набрзо ќе почнат да ‘ртат и да пуштаат никулци.
10. Лукот и кромидот бараат темнина
Темните места се најдобрите пријатели на лукот и кромидот. Доколку немате доволно место, можете да земете големи хартиени вреќи, да направите дупки и во нив да ги складирате овие зеленчуци кои одат речиси во секоја манџа.
11. Компирите ќе се расипат ако ги чувате на сонце
Компирот кога доаѓа во допир со сончева светлина, не само што почнува да пушта никулци, туку и станува штетен за нашето здравје. Затоа, како и кромидот и лукот, секогаш внимавајте да биде сместен на темно место.
12. Поставете неколку јаболка во близина на компирите
Овој трик помага компирите да останат посвежи подолго време.
13. Аспарагусот треба да се чува како букет цвеќе
Долгнавестиот зеленчук треба да се третира како цвеќе и да се постави во чаша или тегла со вода и така ќе остане свеж подолго време.
14. Брокулите и карфиолот сакаат влага
Брокулите е најдобро да се чуваат со стеблото поставени во вода, а горниот дел, односно цветот да им се покрие со влажна крпа. Но, внимавајте, водата треба често да ја менувате, а крпата да ја плакнете со свежа вода. Карфиолот, исто така треба да се замота во влажна крпа или да се постави во навлажнета пластична вреќичка со неколку дупки.
15. Зеленчукот што се чува на дневна температура бара проток на воздухот
Зеленчукот и овошјето кои се чуваат на собна температура, не треба да се затвораат во темни кутии низ кои нема проток на воздухот. Тие можат да се чуваат во пластични кутии кои имаат дупки од страните. На тој начин ќе се зачува нивната свежина подолго време.