Каде во светот се зборуваат најмногу јазици?

Каде во светот се зборуваат најмногу јазици?

Додека растевте, сигурно сте имале можност да сретнете луѓе во вашето непосредно опкружување што зборуваат на различен јазик од вашиот. Можеби тие биле претставници на еден или повеќе различни етникуми. Но, доколку сте ја посетиле светската престолнина на јазиците, тогаш постојано сте биле опкружени со стотици јазици…

Каде во светот се зборуваат најмногу јазици?

Според Алијансата за загрозени јазици (Endangered Language Alliance, ELA) во една област во Соединетите Американски Држави се зборуваат најмногу јазици од кое било друго место во светот. Во Њујорк се користат повеќе од 800 јазици, а само во округот Квинс се присутни околу 138 јазици.

Округот Квинс се протега на површина од 280 километри квадратни и е дом на многу култури и јазици. Зошто се среќаваат толку многу јазици на едно место? За овој факт пред сè e одговорен Њујорк затоа што најчесто овој град е првата станица за многумина доселеници кои го бараат својот нов дом во Америка.

Кои јазици може да ги слушнете овде? Еве само еден мал дел: англиски, германски, српски, хрватски, грчки, шпански, руски, литвански, кинески, јапонски, непалски, филипински, индонезиски и многу, многу други.

Доколку сакате да станете полиглот, или барем да го збогатите својот фонд на јазици со барем уште еден јазик, тогаш Њујорк и Квинс се вистинската дестинација за вас затоа што сме сигурни дека ќе ви бидат вистинска инспирација за тоа.

Откако дознавте во која област во светот се зборуваат најмногу јазици, можеби ќе сакате да дознаете и совети со чија помош ќе го совладате секој јазик.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар