Каде се наоѓа најсмртоносното езеро во светот?
Малото вулканско езеро Ниос во Камерун е познато како најсмртоносното езеро во светот од 1986 година, кога овде животот го загубиле повеќе од 1.700 луѓе и повеќе од 3.500 животни.
Иако сето ова звучи како некоја хорор приказна, тоа навистина се случило и некако ги потврдило митовите и легендите кои со децении кружат за езерото старо 400 години.
Пред вулканската ерупција на 21 август 1986 година се слушнал некаков татнеж или гром кој ги разбудил жителите на околните населби, а потоа од многубројните млазници почнала да избива вода.
Од таа вода излегувала бела пареа и формирала облак кој се проценува на меѓу 300 илјади и 1,6 милиони тони и кој се ширел со брзина од околу сто километри на час. Потоа се случила катастрофата, при што 1.746 луѓе и повеќе од 3.500 животни ги загубиле животите во околните села и градови.
Оние кои излегле да проверат од каде доаѓа татнежот, биле пронајдени задушени на улица, а останатите починале во сон. Кога облакот се расчистил на 23 август, биле откриени само четворица преживеани, кои се разбудиле по 36 часа.
Она што довело до катастрофата е фактот што во езерото низ вековите се акумулирал јаглерод диоксид, а потоа стигнал до површината, што предизвикало експлозија, односно ерупција. За ова придонеле и обилните дождови предизвикани од лизгање на земјиштето во областа непосредно пред оваа катастрофа.
Во меѓувреме во ова езеро се поставени цевки за извлекување на јаглерод диоксид од неговото дно, но се стравува дека сè уште постои опасност од природна катастрофа бидејќи се верува дека природниот ѕид на ова езеро постојано слабее.
Се верува дека само еден земјотрес би можел да го уништи некогашниот кратер на вулканот, сегашното дно на езерото, а испуштањето на смртоносниот гас повторно може да ги загрози животите на околу 5 илјади луѓе.
Откако прочитавте за најсмртоносното езеро, можеби ќе сакате да прочитате и за 12-те неверојатни мистериозни нешта пронајдени на Земјата.
Извор: citymagazine.danas.rs