Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Планината Хуа или на кинески Хуа Шан е една од петте свети планини во Кина и важно место за аџилак во една од најнаселените земји во светот. Се наоѓа во близина на градот Хуајин во северозападната провинција Шаншји.

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Најопасната пешачка патека во светот која се нарекува Plank Walk или Changkong Walk придонела за популарноста на оваа планина. Станува збор за патека направена од штици кои се заковани на работ на висока карпа без заштитна ограда.

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Се наоѓа на источната страна на највисокиот врв на планината Хуа, кој се издига на околу 2154 метри.

Првобитната патека била изградена од таоистички свештеник пред повеќе од 700 години со помош на камени клинци. Иако патот е долг само 130 метри и денес се чини навидум безбеден, сепак е многу стрмен, тесен и опасен по живот. Се претпоставува дека овде околку десетици луѓе го загубиле животот при што властите во 2019 година го затвориле за јавноста.

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Локалните власти имаат намера да ја отворат одново пешачката патека откако ќе бидат подобрени безбедносните услови. Но, не се знае кога и дали воопшто тоа ќе се случи.

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Откако прочитавте за најопасната патека во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 11-те најопасни туристички дестинации.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар