Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

Секоја девојка која некогаш била навредувана и омаловажувана од страна на некое злобно момче на училиште, посакува животот да ѝ даде шанса да помине покрај него полна со самодоверба и да му го заврти паметот. Таква шанса добила Луиза Менинг, која на 12-годишна возраст била секојдневно навредувана на училиште а децата ја исмевале велејќи ѝ дека е дебела и влакнеста.

Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

Поради тоа Луиза се борела со нарушување во исхраната за време на тинејџерските години. Сега е самоуверена 22-годишна девојка и студира на Оксфорд. На една забава наидела на еден од злобните момци кој, не знаејќи дека порано ја познавал и ја навредувал, ја поканил да излезат. Решила да не се појави на состанокот, но наместо тоа дечкото да го добие ова писмо придружено со нејзина слика од времето кога имала 12 години.

Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

Еве што пишувало во писмото:

„Еј (името е скриено),

Жал ми е што не можев да ти се придружам вечерва. Памтиш во осмо кога бев дебела а ти ме исмеваше поради мојата тежина? Не? Јас памтам – ги минав наредните три години јадејќи помалку од јаболко на ден. Така, решив да ја прескокнам оваа вечера.

Ја паметиш споената веѓа која ја исмеваше? Влакнестите нозе од кои ти се гадеше? Паметиш како цели три години ти и твоите пријатели секој ден ме нарекувавте влакнеста ѕверка? Не, веројатно не паметиш, или немаше да видиш како изгледам по 8 години за да ми обрнеш доволно внимание и да ме третираш како човечко суштество. Помислив да ти го испратам ова како потсетник. Нареден пат кога ќе помислиш на мене, замисли ја девојката на оваа слика, бидејќи таа е онаа која само што те откачи.

Луиза.“

Ја навредувал во училиште, пораснале, ја поканил да излезат и еве што му одговорила

Луиза ја објави оваа фотографија на Фејсбук, и на големо изненадување доби форма на извинување од момчето.

„Еј… само колку да се знае, намерата ми беше да запознаам луѓе, да склопам пријателства, а не дека изгледаш многу добро. Но, претпоставувам дека си го барав ова и не те обвинувам за тоа што ме извиси.

Не можам да го променам тоа каков сум бил пред 8 години, и нема да те навредам преправајќи се дека тоа не се случило, но се надевам дека ми веруваш дека сега сум сосема поинаков. Можам само да ти се извинам и да ти посакам сè најдобро. Претпоставувам дека нема да останеме во контакт, но искрено ти посакувам да го доживееш секој успех што го заслужуваш.“

Па, изгледа секој може да се промени на подобро, дури и незрелите момци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар