Извонредните Валаманови водопади
Во самото срце на прашумата, низ малку накосена падина се извива Камениот поток, пробивајќи се низ испреплетените дрвја и грмушки. Од ниските палмови листови капе роса што се собира во текот на ноќта, а високо горе низ листовите се пробива утринското сонце. Насекаде во шумата се слушаат гласовите на какаду, што најавуваат уште дожд. Колку е побрз водотекот, толку во кривулестите води на потокот има повеќе вртлози.Оваа шума се наоѓа во источна Австралија во близина на градот Игнам. Потокот се спушта низ клисурата и паѓа во реката која е 278 метри пониско. Тоа се Валамановите водопади – голема и тенка сребрена лента од вода. Камениот поток е еден од многубројните потоци што извираат на крајбрежјето на Северен Квинсленд и се влеваат во реката Херберт.Тука, на најјужниот агол од австралиската прашума, живеат повеќе растителни и животински видови отколку на кое било друго место. Најкарактеристични се заспаниот опосум, големата зелена гаталинка, како и питоните кои се долги по 20 метри.Има и огромен број птици, инсекти и разни други животинчиња. Ова е земјата на клунарот, кој претставува цицач со големина на мачка што несе јајца. Тој е меѓу ретките цицачи што се размножува со јајца.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.