Изненадувачките вистински имиња на славните личности - Part 2

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Мајли Сајрус

Контроверзната пејачка добила име кое звучи доста христијански – Судбина Надеж Сајрус (Дестини Хоуп Сајрус). Татко ѝ Били Реј ја викал Смајли додека била мала поради тоа што била весело и разиграно дете. Потоа од Смајли останало само Мајли, име кое од 2008 година ѝ стои и во личните документи.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Џулиен Мур

Нејзиното вистинско име е Џули Смит, меѓутоа со таквото име би било тешко да се издвои затоа што тоа е доста често во Америка. Името на мајка ѝ е Eн, а презимето на татко ѝ е Мур, па кога тоа ќе се додаде на Џули се добива Џулиен Мур.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Џејми Фокс

Се вика Ерик Марлон Бишоп, но откако забележал дека жените добиваат предност како стенд-ап комичари, се бунтувал со избор на типично машко име. Фокс е и во чест на еден легендарен стенд-ап комичар.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Ники Минаж

Се вика Оника Тања Мараж, а Ники е нагалено од Оника. Минаж е желба на нејзиниот продуцент и ништо повеќе. Таа вели дека си го мрази сценското име.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Лудакрис

Тој вели дека името ги симболизира двата дела од неговата личност – едниот смирен, а другиот луд и откачен. Инаку вистинското име му е Кристофер Брајан Бриџис.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Мег Рајан

Маргарет Мери Емили Ен Хајра драстично го скратила името од практични причини во потрагата по актерска кариера.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Бен Кингсли

Се вика Кришна Пандит Банџи, но стравот потеклото да му ги поткопа шансите за успешна кариера го натерал на промена на името.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Опра Винфри

Таа не е Опра, туку Орпа. По грешка сите почнале да ја викаат Опра и затоа денес сите така ја знаат.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Чарли Шин

Вистинското име на Чарли Шин е Карлос Ирвин Естевез. Татко му Мартин Шин всушност се вика Рамон Антонио Џерард Естевез и има ирско-шпанско потекло. Кога се доселил во Америка решил да го американизира и своето име.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Дакота Фенинг

Хана Дакота Фенинг не го користи првото, туку средното име во својата актерска кариера.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар