Изберете карта и откријте која емоционалната рана треба да ја излечите
Секој има емоционални рани од минатите негативни искуства што влијаат врз животот. Без оглед колку се стари тие рани, сепак можат да влијаат врз вас. Ако не ги знаете вашите емоционални рани, овој тест може да ви помогне да ги откриете. Изберете една од картите прикажани на сликата и откријте која емоционална рана треба да ја излечите.
1. Вашата најголема траума е емоционалната нестабилност.
Можеби не сте имале здрава емоционална врска со вашите родители уште од детството и тоа ве претвори во личност која тешко се носи со чувствата и често создава нездрава приврзаност кон другите, така што на тој начин си го обезбедувате тоа што ви недостасувало во детството.
Можеби не сте имале добро емоционално искуство и тоа навистина може да ви пречи во вашиот сегашен живот, но не дозволувајте да живеете со тие ограничувања засекогаш.
Постојат многу добри луѓе на овој свет што ќе ве сакаат како што треба, ќе ви посветат внимание и ќе се грижат за вас.
Побарајте помош за лекување на раните од минатото и научете да живеете во хармонија со другите.
2. Вашата емоционална болка што треба да се лекува е вината.
Можеби сте биле задушени во текот на целиот живот од советите и од барањата на вашето семејство.
Можеби се бараа многу работи од вас: добри оценки, покажување талент, интелигенција, добра спортска изведба, добра работа итн., а тој притисок сè уште трае и понекогаш ви го прави животот неподнослив.
Не можете да ја изградите вашата среќа затоа што секогаш чувствувате дека нешто недостасува или дека нешто треба да се поправи. Мора да ја излекувате оваа траума за да научите да се сакате себеси такви какви што сте и да уживате во животот, и покрај вашите неуспеси.
Вие сте добра личност, научете да се прифаќате такви какви што сте.
3. Предавството и огорченоста од минатото се вашата најсериозна рана.
Не успеавте да се справите со сите разочарувања од минатото и наместо да ги лекувате, едноставно изградивте ѕид околу себе за да избегнете разочарувања. Проблемот е што овој ѕид не го спречува само лошото да влезе во вашиот живот, туку и доброто.
Дури и ако некој ве навредил, тоа не значи дека сите ќе го направат истото.
Ослободете се од вашиот одбранбен став и бидете поотворени кон она што ви го нуди животот. Дајте им шанса на другите, верувајте им и ќе се изненадите колку може да биде поинаков вашиот живот – среќен и полн со прекрасни луѓе.
Извор: Atma.hr