Изберете го омилениот новогодишен лампион и дознајте една ваша скриена особина
Конечно празниците ни се приближија, што значи дека е време за украсување на новогодишните елки, купување подароци, светилки и декорации. Сите ние внимателно ги избираме украсите, а додека некои се одлучуваат за разнобојна, богато украсена елка, други се одлучуваат за минимализам и едноставност. Во која група спаѓате вие? Дали сте знаеле дека вашите омилени украси за елка откриваат и некои ваши психолошки особини?
Класични стаклени украси
Ако вашето внимание го привлекле традиционалните разнобојни стаклени украси, вие ги цените празниците повеќе заради духот отколку за подароците. Сакате да минувате време со семејството, особено за време на празниците. Вие не сте особено спонтана личност, но тоа не ви пречи. Вам во секое време можат да ве пронајдат во кујната како подготвувате вкусен оброк, како читате добра книга или како се галите со вашето домашно милениче.
Разнобојни метални украси
Ако ве привлекоа овие стари украси, вие сте генерално носталгична личност. Имате живописни спомени од детството и мислите дека децата мора да бидат во центарот на вниманието за време на празниците. Луѓето би ве опишале како домашен тип, но тоа не значи дека не сакате да минувате време со пријателите.
Елегантни стаклени капки
Овие светкави, елегантни стаклени капки зборуваат за вашата минималистичка естетика. Имате склоност кон минимализам и во останатите сегменти од животот. Имате неколку блиски пријатели кои ви се како семејство и би направиле апсолутно сѐ за нив. Вашата кариера не тргнала по патот кој сте го замислувале, но сте среќни тука каде што сте завршиле.
„Направи сам“ животни од филц
Ако ви се допаѓаат овие слатки украси, вие сте личност со отворен ум. Креативни сте и сакате да бидете „сам свој мајстор“. Сакате на сите во вашиот дом да им биде удобно. Не сакате да бидете во центарот на вниманието, но одвреме-навреме знаете да дофрлите добра шега.
Снешко
Ако ве привлекоа овие мали украси, за вас празниците се зима, студено време и снег. Секогаш го барате позитивното во животот и другите знаат дека може да сметаат на вас да им го засладите животот. Вам не ви е проблем да ги ставите потребите на другите пред сопствените, што значи дека сте несебична личност.
Модерни геометриски облици
Ако ви се допаѓаат овие фанки, модерни украси, вие сте чудни и единствени. Многу сакате да сте организирани, понекогаш и погрешно, но тоа ви помага да останете насочени кон целта. Сите кои ве познаваат знаат дека сте амбициозни. Вие сте природен лидер и сакате константно да бидете зафатени.
Традиционални украси од месинг
Ако ги сакате овие украси од старата школа, вие сте креативни уметници. Се грижите за вашиот изглед, бидејќи знаете дека ве претставува вас однатре. Понекогаш ве преокупираат ситници, но умеете да ја погледнете и поголемата слика кога има потреба од тоа.
Уникатна декорација
Ако ве привлекуваат уникатните украси, вие дефинитивно играте по сопствен ритам. Сонувате да го пропатувате светот и пријателите би ве опишале како „џетсетери“. Сите знаат дека сте страсни и забавни и дека со вас супер ќе си поминат.
Семејни украси
Ако ви се допаѓаат вакви украси, вие сте приземна личност. Некои луѓе би ве опишале како стари души. Отсекогаш сте биле нежни, грижливи и зрели за своите години. Многу сте горди на вашите сакани.
Украси кои претставуваат храна
Ако ве привлекуваат вакви украси, вие имате разиграна, ведра личност. Ништо не може да ве онерасположи, дури и во тешите времиња. Вие сте одлични во давањето совети и луѓето знаат дека можат да му веруваат на вашето мислење. Секогаш ќе допирате до луѓето кои ги сакате и горди сте на вашите пријателства.
Ви предлагаме и да изберете едно дрво за да дознаете што ќе доживеете во 2018-та година.