Истражување: Спротивно на популарното верување, живеењето сами не го влошува здравјето на срцето

Истражување: Спротивно на популарното верување, живеењето сами не го влошува здравјето на срцето

За луѓето чија болест на срцето е под контрола, живеењето сами не претставува поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми. Ова се резултатите од големо истражување во кое учествувале испитаници од 45 држави.

Истражување: Живеењето сами не го влошува здравјето на срцето

Цели 5 години, истражувачите ја следеле состојбата на над 32.000 пациенти кои имале стабилна болест на коронарните артерии. Односно, немале никакви проблеми со болеста неколку месеци претходно. Околу 11% од испитаниците живееле сами.

Откако ги зеле предвид факторите кои би можеле да влијаат на ризикот од срцевите заболувања, како возраст, пушење и дијабетес, научниците утврдиле дека оние кои живееле сами немале поголем ризик од срцев или мозочен удар, за разлика од оние кои живееле со некој друг.

Научниците сепак воочиле разлика помеѓу мажите и жените. Мажите кои живееле сами имале 17% поголем ризик за појава од кардиоваскуларни болести.

„Мажите кои живеат сами, а претходно биле во брак или живееле со партнер, можеби немаат развиено моќ за прилагодување или поддршка од друштвото“, изјавил доктор Сумеет Ганди, еден од истражувачите.

Научниците издвоиле и некои откритија кои не се статистички значајни, што значи дека потребно е дополнително истражување за нив. На пример, жените кои живееле сами имале помал ризик од инфаркт за разлика од жените или мажите кои живееле со некој.

„Жените го воделе домаќинството и можеле да развијат силни вештини за сопствена грижа за разлика од мажите. Жените функционираат поинаку и во друштво можат да имаат посилни врски, па помалку се потпираат на помошта од сопругот или партнерот.“

Друг интересен резултат, кој можеби е само случајност, е тоа што луѓето постари од 75 години кои живеел сами имале помал ризик од срцев или мозочен удар, за разлика од оние помлади од 65 години.

Претходните истражувања укажувале дека луѓето кои живеат сами се наводно изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Новите резултати можеби се резултат на подобрената здравствена заштита и подобрата контрола на здравјето.

Погледнете и зошто е најубаво да живеете сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар