Истражување: Жените без сопруг и деца се посреќни и подолговечни
Досега само се шпекулираше, но сега е и научно докажано – жените кои не се во брак и кои немаат деца се можеби најсреќната подгрупа на населението. Исто така, според статистиката, тие и живеат подолго.
Традиционалните очекувања за успехот повеќе не можат да се поврзат со чувството на среќа. Наместо тоа, среќата зависи од бракот и одгледувањето деца.
„Оние кои се во брак се посреќни од другите подгрупи на општеството, но ова се однесува само на оние испитани жени чии сопружник бил во просторијата додека давале одговори. Кога партнерот не бил тука, одговорот гласел дека се многу несреќни“, објаснил Пол Долан, професор по бихевиорални науки.
Според неговите зборови, постојат податоци собирани во текот на подолг период според кои доколку сте маж, би требало да се венчате, а доколку сте жена, најдобро не.
Посилниот пол има некаква корист од бракот бидејќи се „смирува“, помалку ризикува, повеќе заработува и живее малку подолго. Од друга страна, жените мораат „да го трпат сето тоа“ и умираат порано за разлика ако не би биле во брак.
„Во целото население најздрави и најсреќни се жените кои не се венчале и кои не родиле дете.“
Во друго истражување било споредувано нивото на уживање и незадоволство кај невенчаните, венчаните, разведените и оние мажи и жени чии сопружници починале. Резултатите покажале дека нивото на среќа е поголемо кај оние во брак, само доколку сопружникот бил во просторијата.
Оние кои не биле во брак поретко го оценувале нивото на нивното незадоволство, за разлика од венчаните луѓе кога нивниот сопружник не бил присутен.
Во некои други истражувања утврдени се одредени корисни страни од бракот и кај мажите и кај жените, кога станува збор за финансиите и здравјето.
Пол објаснува дека емоционалната поддршка на оние кои се во брак им овозможува поголема подготвеност на ризик и подготвеност да побараат лекарка помош. Сепак, Пол нагласува дека брачниот живот им го подобрува здравјето на мажите бидејќи престануваат „да живеат како момци“.
Воглавно, бракот нема позитивно влијание врз здравјето на жената. Исто така, во средните години од животот, кај жените бил забележан зголемен ризик од болести, и физички и ментални, за разлика од оние кои не биле во брак.
Сепак, бракот и децата денес се сигурни знаци за успех, па постои мислењето дека жените кои нема да се одлучат на ваков живот се несреќни. Токму оваа стигма може да ја предизвика несреќата кај невенчаните жени.
„Кога ќе видите жена која има 40 години а нема деца, помислувате дека тоа е лошо. Мислите дека можеби еден ден ќе го запознае вистинскиот и тоа ќе се промени. Не, можеби ќе го запознае погрешниот и тоа ќе се промени. Можеби ќе го запознае човекот кој ќе ја направи несреќна и нездрава и поради тоа порано ќе умре“, изјавил Пол.
Од друга страна, погледнете ги и причините зошто е добро да се биде во брак.