Истражување: Природните овошни сокови не се најпаметниот избор

Истражување: Природните овошни сокови не се најпаметниот избор

Свежо цедените овошни сокови се најчестиот избор на луѓето кои внимаваат на својата исхрана, но дали ова е паметно? Едно ново истражување покажало дека можеби и не е. Имено, консумирањето овошни сокови е исто лошо за здравјето како и пиењето Кока-кола и останати газирани пијалаци.

Истражување: Природните овошни сокови не се најпаметниот избор

Честото консумирање овошни сокови, без разлика дали се купечки или 100% природни, може да го зголеми ризикот од смрт за 9%, па дури и за 42%.

Научниците докажале дека шеќерите што се наоѓаат во природниот сок од портокал, се слични како шеќерите кои се додаваат во засладените пијалаци и сокови.

„Засладените пијалаци, без разлика дали се газирани или овошни сокови, мораат да бидат ограничени“, изјавил професор Џин А. Велш, еден од авторите на истражувањето.

„Овошните сокови овозможуваат внесување витамини, па дури и хранливи влакна, но сепак имаат премалку здравствени предности. Количеството на фитохемикалии во соковите е прениско за да имаат благотворно дејство, а таканаречените антиоксиданси немаат значајно влијание врз здравјето“, додал професорот.

Според Џин, овошните сокови се лоша замена за консумирањето свежо овошје. Имено, 150 милилитри сок од портокали е направен од два портокали. Но, потребно е многу повеќе време да изедете два портокали отколку да испиете сок од 150 милилитри.

Погледнете ги и најпознатите заблуди за здравата исхрана на кои би требало да внимавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар