Истражување: Младите кои се откажале од марихуана имале подобра меморија за една недела
Истражувањата имаат покажано дека марихуаната или екстрактите од неа имаат многу здравствени придобивки. Тие ја намалуваат болката, им помагаат на луѓето со напади и ги намалуваат симптомите на анксиозност. Но, ретко кој лек нема несакани ефекти.
Научниците откриле бројни проблеми кои произлегуваат од претераната употреба на марихуана. Една од поконтроверзните последици од употребата на канабис е когнитивното оштетување. Едно истражување објавено во 2016-та година покажало дека честото и долгогодишно користење марихуана може да има лошо влијание на меморијата. Кога ќе се земе предвид колку адолесценти ширум светот користат марихуана, истражувачите упорно се обидуваат да откријат дали оваа практика влијае на нивниот перформанс на училиште или работа.
Ренди Шустер од психијатрискиот оддел во една болница во Масачусетс, собрал тим научници за да го истражува токму тоа. Неговото истражување ја потврдило хипотезата дека со канабисот се намалува капацитетот на меморијата. Добрите вести се што истражувањето покажало дека оштетувањето се поправа кратко по прекинување на употребата на канабис.
„Нашите откритија ни дадоа два цврсти докази. Првиот е дека адолесцентите учат полесно кога не користат канабис. Вториот доказ покажува дека оштетувањето поврзано со канабисот не е перманентно и се повлекува кратко по прекинување на употребата.“
За експериментот биле повикани 88 адолесценти од околината на Бостон кои биле на возраст од 16 до 25 години и користеле марихуана барем еднаш неделно. Половина од групата имала задача целосно да прекине со употребата на марихуана во период од 30 дена. Другата половина била замолена да не ги менува своите навики во врска со канабисот. Првата група била контролирана со тестови со цел резултатите да бидат точни.
За да се тестираат вниманието и меморијата, испитаниците користеле често употребуван тест за когнитивен перформанс пред почетокот на истражувањето, една недела од почетокот и на крајот. По анализирањето на резултатите, истражувачите откриле дека луѓето кои апстинирале покажале значително подобрување во учењето и покажувале сè подобри резултати во текот на месецот. Оние кои продолжиле со употреба не покажале никакви подобрувања. И кај двете групи не била забележана промена во вниманието.
„Способноста да се учат или впиваат нови информации, која е клучна за успехот во училиште, беа подобри кај оние кои престанаа со употреба. Младите корисници на канабис кои редовно прават паузи, еднаш неделно или почесто, учат поефикасно и имаат поголеми шанси за академски успех. Можеме да кажеме дека апстинирањето од канабис им помага на младите во учењето, додека продолжената употреба може да пречи.“
Се очекуваат уште две слични истражувања во иднина. Едното ќе ја споредува когнитивната способност на луѓе (на возраст од 13 до 19) години кои апстинираат, со способноста на луѓе кои никогаш не користеле канабис. Второто истражување ќе следи млади луѓе кои на подолг период се откажале од марихуаната и производите од неа.
Дознајте и што всушност му прави марихуаната на мозокот.
Gluposti.
Od kaj vi se istrazuvanjata i koj istrazuval samo mi objasnete.
Пишува во текстот кој истражувал, а еве го изворот: https://www.eurekalert.org/pub_releases/2018-10/mgh-omo102418.php