Истражувањата покажуваат: Вашите навики во исхраната кажуваат многу за вас

Истражувањата покажуваат: Вашите навики во исхраната кажуваат многу за вас

Живееме во време кога луѓето се опседнати со храната. Секој трет е самопрогласен експерт за здрава исхрана и начин на живот. Живееме во време кога луѓето по сè изгледа најмногу милуваат да го сликаат она што го јадат. Факт е, сите ние, помалку или повеќе сме опседнати со она што го јадеме.

Храната која ја јадеме кажува многу за нашиот животен стил, воедно и за нашето здравје, но дури и за нашиот карактер. Овие истражувања покажале дека постои поврзаност меѓу карактерот на човекот и храната која најчесто ја јаде. Каде се пронаоѓате вие?

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Зачинета и лута храна јадат оние кои бараат авантура, возбуда и адреналин

Во 70-тите еден истражувач на универзитетот во Пенсилванија, излегол со тврдење дека постои причина зошто некои луѓе уживаат во јадењето многу зачинета и лута храна. Имено, тие го обожаваат она чувство кога ти „гори“ устата и тоа се личности кои постојано се во потрага по нешто возбудливо.

Други истражувања пак, слично на тоа покажале дека оние кои бараат авантура и возбуда подобро поднесуваат лута храна од останатите. Истражувањето било спроведено така што на учесниците им било дадено чаша вода која содржела капсаицин, главната состојка во лутите пиперки која придонесува за лутиот вкус, и биле набљудувани и прашувани како го поднесуваат лутиот вкус во нивната уста.

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Љубезните се прејадуваат кога се во друштво

Оние кои се љубезни и кои се опседнати со тоа да им угодат на другите, во друштво јадат повеќе отколку што им се јаде. Овие личности обично се многу дружељубиви, па нивната желба секому да му угодат и да направат да му биде пријатно во нивно друштво, прави да јадат дури и тогаш кога не им се јаде и кога не чувствуваат глад.

Едно истражување направено на групи од млади жени покажало дека овие луѓе лесно ги имитираат навиките во јадење на оние со кои се дружат. Така, кога тој што е во нивно друштво ќе купи нешто за јадење, и тие ќе го сторат истото иако не чувствуваат потреба.

Сепак, не станува збор само за имитирање на навиките во исхраната на нивните пријатели. Едно друго истражување покажало како оние кои се склони кон тоа да им удоволуваат на другите јадат повеќе. Имено, кога им било понудено благо од личност која само се преправала дека е учесник во истражувањето исто како и нив, тие без збор земале. Така овие луѓе зеле многу повеќе колачиња од останатите.

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Емотивните тајно им се препуштаат на забранетите задоволства

Некои луѓе се емотивни јадачи, односно нивната емотивна состојба наголемо влијае на нивната исхрана. Во едно скорешно истражување кое вклучувало 2.000 жени со цел да се објаснат нивните навики во исхраната, било откриено дека огромен е процентот на жени кои се искрадуваат и јадат од своето забрането задоволство. Некои одат до таму што тајно јадат во бањата или кријат храна во фиоките од спалната соба.

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Совесните и разумните јадат многу овошје и зеленчук

Едно истражување од 2005 покажало дека оние кои се совесни и секогаш се трудат да се раководат според правилата, повеќе се наклонети кон здравиот начин на исхрана, и најмногу консумираат овошје и зеленчук. Тоа се луѓе кои нема да ја прескокнат салатата пред главното јадење од проста причина што знаат дека тоа е редот по кој одат нештата и за ручек задолжително се јаде салата. За разлика од нив пак, екстровертите и бунтовниците полесно им се препуштаат на забранетите задоволства.

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Екстровертите не можат да одбијат животински масти, благо и алкохол

Во контекст на претходното истражување, друго истражување објавено во магазинот „Appetite“, покажало дека екстровертите, слободните и несрамежливите се посклони кон брза храна, газирани пијалаци, слатки и масна храна.

Поврзаноста е во тоа што овие луѓе често се излезени со пријатели и познаници што придонесува многу ретко да јадат дома, а многу често да земаат нешто да каснат набрзина. Од тука и склоноста кон брза храна.

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар