Истражувањата откриваат: Сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група

Истражувањата откриваат: Сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група

Според најновите истражувања спроведени на Универзитетот Орду во Турција, сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група. Резултатите покажале дека кај мажите со крвни групи А, Б и АБ постојат 4 пати поголеми шанси да „потфрлат“ во креветот.

Истражувањата откриваат: Сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група

Истражувачите собрале 350 мажи во нивните 60-ти години и ги поделиле во две групи според тоа дали имале проблеми со добивањето и одржувањето ерекција. На секој од нив му земале крв за да ја проверат крвната група. Резултатите покажале дека еректилната дисфункција е најчест проблем кај мажите со крвни групи А, Б и АБ, додека, пак, оние со крвна група 0 го немале истиот проблем. Имено, 42% од мажите со крвна група А имале проблеми со еректилна дисфункција, а само 16% од оние со крвна група 0 се соочувале со истиот проблем.

Останатите истражувања покажале дека мажите со крвна група 0 се најдобрите љубовници на светот. Тие уживаат во сексот и можат да водат љубов со часови. Мажите со оваа крвна група се фантастични меѓу чаршавите, бидејќи кај нив постојат најмали шанси дека сексуалните партнерки ќе се разочараат од сексот.

На научниците не им е јасно како крвната група влијае на потенцијата. Освен тоа, околу 40% од мажите имаат некој вид еректилна дисфункција, а 30% од испитаниците признале дека земаат лекови за да го спречат тој проблем.

Доколку сакате да ги подобрите вашите способности во спалната, дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар