Истражувањата откриваат: Најмалото дете во семејството им е омилено на родителите
Иако сигурно отсекогаш сте претпоставувале дека најмалото дете во семејството е и најомиленото, сега има научна потврда за ова мислење. Според најновите истражувања, најмалото дете најчесто им е омилено на родителите. Од некои непознати причини, врската помеѓу родителите и најмалото дете е посилна. За да го докажат ова тврдење, истражувачите испитувале 300 семејства и им поставувале различни прашања на децата, но и на родителите.
Прашањата се однесувале на нивото на фаворизирање. Родителите требале да откријат колку конфликти и колку пријатни моменти доживеале со нивните деца, а најстарите деца од секое семејство требале да го опишат нивниот однос со родителите.
Истражувачите откриле дека на родителите им било тешко да им кажат „Не“ на најмалите деца. Тоа значи дека најмалото дете секогаш добивало посебен третман, што сигурно сте го забележале доколку сте средно или најстаро дете.
Помалите деца секогаш се огледуваат на сите што се постари од нив, додека, пак, средните деца се огледуваат само на најстарите. Тоа објаснува зошто сите ги чуваат и заштитуваат најмалите членови во семејството.
Дали сте пораснале во семејство со многу браќа и сестри? Кое дете било миленикот на вашите родители?
Дали сте знаеле дека може да откриете каков ви е карактерот според тоа кое дете сте по ред во семејството?