Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории

Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории

Една нова студија докажала дека виното има потенцијал да ги согорува маснотиите во телото. Научниците долго време работеле на оваа тема и веќе откриле дека една состојка која се наоѓа во грозјето (и поради тоа и во виното) кај некои глувци предизвикувала намалување на тежината, дури и покрај фактот што тие биле на режим на исхрана со многу маснотии. Но, новото истражување покажало дека истиот екстракт функционира на истиот начин и кај луѓето.

Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории

Состојката која го предизвикува овој феномен се вика „елагинска киселина“, но доколку и вие не сте научници слободно можете да ја запомните како „магичниот дел“ во виното. Според Нил Шеј, професор на Државниот универзитет Орегон, овој магичен дел е природна состојка која се наоѓа во грозјето и во најголемо количество во вината каберне, мерло и пино ноар.

Исто така, виното дури и да го нема овој магичен дел, доколку се чува во буре од дабово дрво кое содржи антиоксиданси, тоа со тек на време може да го добие. Тоа е само уште една причина зошто би требало да пиете постаро вино, се согласувате?

Сè уште не се знае колку точно влијание има само една чаша вино, но во моментов тоа не е ни важно. Епа ајде, што чекате, отворете го старото црвено вино кое ви фаќа прашина дома и напијте се една „диетална“ чаша со најблиските. На здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар