Искрено писмо од една мајка која ја доловува вистината за периодот по пораѓањето

Искрено писмо од една мајка која ја доловува вистината за периодот по пораѓањето

Џенифер Легра е млада мајка која отворено зборува за нештата кои многу жени ги доживеале после раѓањето дете, но за кои никој не сака да зборува.

0-iskreno-pismo-od-edna-majka-koja-ja-dolovuva-vistinata-za-periodot-po-porogjanjaeto-kafepauza.mk

„Неколку месеци откако го добивме првото дете, единствената мисла поврзана со мојот сопруг која ми се вртеше низ главата беше: ’Дали згрешив?’ Дали погрешив што се омажив токму за него?’ Со други зборови, сѐ што правеше можеше да се стави во две категории – иритирачко и премногу иритирачко. Со трети зборови, ГО МРАЗЕВ!

Кога се паркираше толку блиску до другиот автомобил така што едвај имаше простор да излезам јас од колата, а камоли количката за детето, полудував. Кога доев, а тој после 20 минути ќе се појавеше со расплаканото дете и ќе ми речеше: ’Мислам дека е повторно гладна’ полудував. ТИ НАХРАНИ ЈА! – сакав да вриснам од бес.

Кога спиеше навечер, потонат во цврст сон, со отворена уста и ‘рчење кое беше толку гласно што не можеше да се спореди ни со плачењето кое доаѓаше од креветчето, тогаш го мразев. Толку многу, што неколку пати паднав во искушение да го треснам по носот. Сфаќам дека многу од овие нешта не беа до него и дека тој всушност за ништо не беше крив. Така што, јасно ми е дека многу работи си ги замислував, но едноставно тогаш бев во состојба да направам злосторство без грижа на совест.

Од друга страна пак, ни тој не реагираше подобро. Дури и кога се обидував да ги свртам нештата на шега, тој сѐ сфаќаше на погрешен начин – воглавно како напад. На истиот начин се шегував и пред да добиеме дете, но повратните реакции не беа ништо во споредба со овие сега. Не можев да престанам да размислувам кога и како тргнавме по погрешен пат.

Тој не разбираше од каде доаѓа таквото мое однесување, нити пак можеше да го сфати. Набрзо после моето пораѓање тој се врати на своите секојдневни активности, додека јас се обидував да најдам начин како да се грижам за нешто дете, но и да најдам малку време за себе. Тој не можеше да сфати дека туширањето за мене е луксуз – дека тоа не значи само да се остане чист (иако имаше моменти кога ни тоа не можев да го постигнам) и дека навистина ми се потребни барем 15 минути да уживам во купката сама со себе. Така, кога ќе ме прекинеше извинувајќи се дека мора да моча, јас одма ќе се запрашав како можев да се омажам за ваков човек.

Се покажа дека многу луѓе ме предупредија дека кога ќе станам мајка ќе бидам неверојатно исцрпена. Меѓутоа, никој не ми кажа дека можеби ќе го мразам сопствениот маж. Никој не ми кажа дека ќе има моменти кога ќе сакам да го убијам. Така, дозволете ми да ви кажам: По породувањето можеби ќе го мразите својот сопруг.

Верувајте дека ова може на секого да му се случи, без разлика колку се сакате и колку сте среќни. Овде не станува збор за тоа колку е силна вашата љубов и колку е силен бракот пред да се роди детето, туку за она што следува потоа. Ова сега е нашата приказна, но може да биде и ваша. Сечија. Сите оние нешта на кои ме предупредуваа родителите се апсолутно точни.

Бев толку уморна што имаше денови кога заборавав дали воопшто сум се истуширала, дури се случуваше некогаш и да не ми е грижа. Во цел тој хаос започнав да се чувствувам многу лошо. Не излегував од дома, а кога ќе излезев тоа беше на пола саат. Првиот пат кога излегов надвор се чувствував како гремлин на сонце, како да сум целосно гола и како да не припаѓам тука.

Долго време не се гледав со возрасни, така што немав пријателки кои ќе ми речеа дека си замислувам и дека изгледам супер. Можно е мажот да ми го кажуваше тоа, но знаете дека тоа не се смета толку многу како кога ќе ви го каже друга жена. Хормоните во мене дивееја како на концерт на Принц во 80-тите, а целото мое внимание и љубов веќе не беа насочени кон мажот, туку кон бебето.

И баш тогаш се чувствував грозно, кога самата на себе си изгледав грозно, кога мажот ми беше единствената возрасна личност која ја гледав, кога тој ми беше единствената врска со надворешниот свет и кога само тој знаеше низ што поминував (тоа го правеше мој најдобар пријател, но и мој најголем непријател), а јас го мразев. Но кој друг би мразела? Тој беше единствената личноста која беше тука во тие мигови. А, тогаш, еден ден сѐ се врати во нормала. Сѐ исчезна. Почнав да се чувствувам подобро и да ги гледам нештата појасно.

Мојот брак беше под знак прашалник со недели, можеби и месеци, а еден ден само престанав да се прашувам. Одеднаш веќе не сакав да го треснам по носот додека спие, нити да го убијам, затоа што ништо од сето тоа не беше поврзано со нашиот брак и однос. Никогаш и не било. Во прашање беше само нова верзија од нас и нов живот кој стана дел од нашиот.

Моите црни мисли за можното злосторство, како и лудачкото однесување не беа одраз на нашиот однос. Тие беа дел од она што се случува кога двајца стануваат тројца, кога создавате семејство и кога се запознавате со нов, поинаков живот кој за многу брзо исто така лудачки ќе го засакате.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар