Ироничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволството

Ироничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволството

И покрај тоа што стресот предизвикува зголемување на желбата за задоволство, како јадење чоколади, иронично, но не го зголемува задоволството кое настанува потоа. Според една нова студија, луѓето кои се под стрес, вложуваат и до 3 пати повеќе напор од останатите за само да го помирисаат чоколадото.

Ироничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволството

Ева Пул, водечкиот автор на оваа студија објаснува:

„Повеќето од нас доживеале некаков вид стрес кој го зголемил тежнеењето за искуства кои нè наградуваат, како јадење вкусно чоколадо, но истовремено нè тера и да вложиме многу повеќе напор при чувствувањето задоволство од оваа желба, како на пример, трчање до маркет на полноќ. Но, и покрај тоа што стресот ги зголемува нашите желби да се наградуваме, тој не секогаш го зголемува уживањето во она што го доживуваме.“

Во студијата, која била објавена во журналот „Experimental Psychology: Animal Learning and Cognition“, биле истражувани група луѓе кои ги држеле своите раце во ледена вода додека ги набљудувале и снимале.

Ледената вода служела како начин тие да бидат под стрес во однос на контролната група чии раце биле во топла вода. И двете групи, кои биле составени од луѓе кои се љубители на чоколадо, потоа биле замолени да стиснат „тупаница“ доколку сакаат шанса да мириснат чоколадо.

Групата која била под стрес вложувалa многу повеќе напор при извршувањето на оваа задача, што ни сугерира дека посакувале чоколадо многу повеќе од другата група. Но, потоа, поради стресот, тие не ја оцениле посилно миризбата на чоколадото.

Д-р Тобајас Брош, кој исто така работел на оваа студија, објаснува:

„Стресот игра критична улога во многу психолошки нарушувања и е еден од најважните фактори при појавата на повторно враќање на одредена зависност, како коцкањето или прејадувањето. Стресот изгледа дека вклучува нов начин на функционирање: Доколку личност која е под стрес се сретнува со фотографија или звук кои ги поврзува со пријатни објекти, тогаш ова може да jа натера да инвестира големо количество на труд за да ги добие.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар