Интересни новогодишни традиции
Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.
Данска
Во оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).
Јужна Америка
Во јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.
Шпанија
Штом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.
Белорусија
Таму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.
Филипини
Кај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.
Еквадор
Во многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.
Порторико
Таму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.
Австрија и Германија
Во овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината. Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст, тоа според нивните верувања, значи смрт.
Чиле
За Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Црвена долна облека + добро друштво + солидна количина алкохол 😀 Тоа е отприлика нашата “традиција” 😀