Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи
7. Висината на казната за брзо возење зависи од висината на личните примања
Висината на казната за брзо возење во Финска, буквално зависи од тоа колку заработува личноста којашто го прекршила законот. Колку повисока му е платата, толку повисока ќе биде и казната. Еден од главните менаџери на голема финска компанија, морал да ја плати највисоката казна во историјата. Тој возел 75 км/ч, на место на коешто максималната дозволена брзина изнесувала 50 км/ч и за тој „луксуз“ морал да плати неверојатни 116.000 евра.
8. Полициски ирвас
Во некои земји има полицајци коишто патролираат качени на коњи или камили, но во Финска ирвасите се тие коишто им помагаат на полицајците. Ова најмногу се практикува од маркетиншки причини, со цел привлекување туристи во северните делови од земјата.
9. Маркетинг за интроверти
Финците понекогаш обожуваат да поминуваат време сами со себе, па поради тоа постојат барови во коишто можете да седнете и да пиете сосема сами, а во супермаркетите има и специјални корпи наменети за еден купувач т.н. „ Sinkkukori“.
10. Љубители на пиво
Просечен човек во Финска пие околу 85 литри пиво на годишно ниво. Како резултат на тоа, не е чудно што во супермаркетите во Финска постојат специјални промотивни понуди, коишто вклучуваат купување на 1.000 лименки пиво одеднаш.
11. Куќи наменети за студентски забави
Речиси секој голем универзитет во Финска има сопствени куќи за забава, коишто студентите може бесплатно да ги изнајмат и во нив да организираат било каков настан, дури и журка со алкохол. Тие изгледаат како обични фински куќи, со голема дневна соба, неколку спални соби и сауни.
12. Љубители на кафе
Финска е прва држава во светот на листата со најголеми консументи на кафе. Просечен човек во Финска користи околу 12 килограми кафе годишно. Италијанците од друга страна, пијат само 5 килограми во просек.
Фактите продолжуваат на следната страница…