Инстаграм профили за девојките кои се опседнати со светки
Светките веќе подолго време се хит во модниот, но и во бјути светот, па затоа и ги гледаме насекаде и во целост сме опседнати со нив. Се наближува летото и сезоната на многубројните музички и модни фестивали, а ние ви ги откриваме најдобрите Инстаграм профили кои нудат светкави фотографии кои можеби и вас ќе ве инспирираат да излезете од вашата сигурна зона и да испробате малку поразличен изглед, или едноставно да се восхитувате на преуавите фотографии.
1. Lemonhead.la
Профилот е преполн со инспиративни фотографии, но и задоволувачки видеа кои би можеле да ги гледате со часови. Освен Инстаграм профилот, lemonhead.la исто така продава вегански светкави суви шампони и балсами за усни.
2. Violette_fr
Оваа шминкерка може да го направи целосно светкавиот изглед во привлечен и прифатлив. Со многу минималистички фотографии, можете да пронајдете и различни мејкап изгледи.
3. Patmcgrathreal
Сигурни сме дека веќе сте слушнале за оваа позната шминкерка што работи со многу светски славни ѕвезди, но она што можеби не сте го знаеле е дека нејзиниот профил е преполн со сјајни слики, а ќе видите и дека лансира својата линија на светкави сенки за очи.
4. Itsinyourdreams
„It’s in your dreams“ е бјути бренд кој продава додатоци, совршени за летните фестивали, како што се дијамантски лепенки и светкави сенки за очи.
5. Gogetglitther
Бренд од Лондон кој продава козметика, започнувајќи од сенки за очи, па до светки за тело, а од нивниот светкав Инстаграм профил ќе ви се заврти во главата.
6. Kellymaker
Kelly Maker е уметник и фотограф, а многумина би ја нарекле и Пикасо на светките, па затоа погледнете го нејзиниот профил за да сфатите за што ви зборуваме.
На Инстаграм можете да пронајдете многу профили кои нудат фотографии од разни теми и области, а доколку наскоро планирате венчавка, ова се најинспиративните за вас.