Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката
Секоја девојка која сака шминка, сигурно знае колку е понекогаш тешко да ја чува и одржува уредно распоредена. Меѓутоа, благодарени на социјалните мрежи, на дофат ви се разни инспирации за полици, тегли и кутии во кои ќе можете да ги чувате вашите омилени мејкап производи. Еве неколку од најинтересните кои ги пронајдовме на Инстаграм.
Кутиите од провидна пластика со сигурност се најпрактичниот сад за држење на шминката. Освен тоа што брзо и лесно ќе го пронајдете она што ви е потребно, тие на свој начин може да бидат и интересен украс во вашата бања.
Еве уште една оригинална идеја за држење на четките. Саксиите за цвеќе се одлични за уредно чување на четките, а во специјализираните продавници ќе можете да пронајдете разни видови кои подоцна можете да ги украсите.
Провидните, стаклени тегли исто така може да ви послужат за чување на четките или кармините. Секако, и нив можете дополнително да ги нацртате и украсите за да изгледаат уште пооригинално.
Полицата што може да се ротира, како оваа на фотографијата, е сон на секоја девојка која обожава шминка. На тој начин, доколку некое утро сте неодлучни за која пудра да ја нанесете, слободно завртете!
Продолжете на следната страница за повеќе креативни идеи…