Инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат

Инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат

Без разлика каде сте во вашиот живот, желбата за лутање е нешто што секогаш постои. Сакате да го видите светот, а ако имате среќа сигурно и вашиот партнер го посакува тоа. Вашите патувања секогаш се незаборавни, па дури и тоа да е краток викенд во соседниот град. Овие цитати ќе ја разбудат вашата желба за патување и можеби ќе ве инспирираат да отидете на нова авантура со партнерот.

Инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат

„Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница“ – Свети Августин

„Каде и да одите, тоа место станува дел од вас.“ – Анита Деаси

„Патувањето ги враќа моќта и љубовта во вашиот живот.“ – Руми

„Патувајте доволно далеку и ќе се сретнете себеси.“ – Дејвид Мичел

„Јас не сум истата личност откако ја видов месечината како сјае на другиот крај од светот.“ – Мери Ан Радмашер

„Дестинацијата на некого никогаш не е место, туку нов поглед кон нештата.“ – Хенри Милер

„Постои некоја магија во одењето далеку и враќањето како нова личност.“ – Кејт Даглас Вигин

„Најчесто, убавината се наоѓа во наједноставните нешта.“ – Вина Ефенди

„Не знаев дека светот може да биде толку многу убав.“ – Џустина Чен

„Тоа не беше чудно место, тоа беше ново место.“ – Пауло Коелјо

„Патувањето е дестинацијата.“ – Ден Елдон

„Велат дека животот е автопат и сите патуваме по нашите патишта. Некои добри, некои лоши, но секој од нив е посебен благослов.“ – Џес Бринџулсон

„Најдобриот начин да запознаете еден град е да го изедете.“ – Скот Вестерфелд

„Патување – ве остава без зборови, а потоа ве претвора во раскажувач на приказни.“ – Ибн Батута

„Патуваме не за да избегаме од животот, туку да не му дозволиме тој да избега од нас.“ – непознат автор

„Патувањето е најдоброто училиште. Го гледате светот низ други леќи. Сфаќате дека вашиот дом не е единствената реалност, постојат многу.“ – Марк Патерсон

„Кога патувате, стариот истрошен куфер раскажува само половина од приказната.“ – Вирџинија Алисон

„Моите пријатели повеќе не ме прашуваат како сум, туку каде сум.“ – Луџин Хеслер Хамонд

„Светот што го знаеме е полн со светови што не ги знаеме. Зошто да не ги истражиме сите?“ – Ерика Ференик

„Патувањето е единственото нешто што ве прави побогати.“ – Непознат автор

„Кога си дозволуваме да истражуваме, откриваме дестинации кои никогаш не биле на нашата мапа.“ – Ејми Кауфман

„Патувањето не станува авантура сè додека не оставите сè зад вас.“ – Марти Рубин

Прочитајте ги и овие цитати кои сигурно ќе ве натераат да ги спакувате куферите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар