Имате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!

Имате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!

Според едно американско истражување, коешто започнало во 1940-та година и било спроведено на 200 здрави и млади Американци, ќе живеете долг живот, доколку имате куче, голем број пријатели и среќа во бракот. Воедно, тие истакнуваат дека овие три нешта, се поважни од местото на раѓање, богатството и социјалниот статус.

Имате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!

Резултатите од ова истражување, не се за изненадување. Имено, среќниот брак и големиот број пријатели, ја исполнуваат буквално секоја личност. Што се однесува до чувањето куче, веќе е докажано дека луѓето коишто се грижат за ова милениче, имаат помало количество холестерол во крвта, понизок крвен притисок, подобро се справуваат со стресот и се генерално посреќни.

Богатството и социјалниот статус, од друга страна, не придонеле никако на животниот век на испитаниците. Ништо од сето тоа, нема големо значење, доколку личноста е осамена.

Заклучокот на научниците, е дека среќата игра клучна улога во животниот век на луѓето. Воедно, тие истакнуваат дека некои луѓе погрешно ја интерпретираат среќата. Навистина среќни, се оние луѓе коишто имаат високо развиена емоционална интелигенција, имаат добри односи со луѓето во нивното окружување и квалитетно се поврзани со нив.

Доколку не сте сè уште во брак, а вашиот круг на пријатели е мал, донесете куче во вашиот дом. Тоа, не само што ќе ве направи посреќни, туку ќе ви овозможи да запознаете повеќе луѓе, па како резултат на тоа, можеби ќе стекнете и нови пријатели. Сето тоа, се чекорите до посреќен и подолг живот.

Во продолжение, прочитајте ги и тајните за долг живот на актерката Бети Вајт


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар