Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

Доколку гледате во самиот центар на илустрацијата подолу, боите ќе почнат најпрво да избледуваат, а потоа целосно ќе ги снема. Оваа појава е позната како Трокслерово исчезнување или Трокслеров ефект и се однесува на нашата способност кога сме целосно концентрирани на една работа, воопшто да не забележиме за другите нешта што се случуваат околу нас.

Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

Токму швајцарскиот лекар и филозоф, Игнасио Пауло Витал Трокслер ја поставил, а потоа и ја докажал теоријата дека мозокот престанува да обрнува внимание на визуелни сцени кои не се менуваат, односно престанува да ги перципира дека воопшто постојат. Истиот заклучок го поткрепил со докази, илустрации со живи бои, како и со само една точка во која треба да се гледа.

Оваа појава се нарекува невронска адаптација. Психолозите ја споредуваат со облекувањето чорапи или други активности што рутински ги правиме. Концентрирани сме на облекувањето чорапи само додека тоа се случува, но понатаму во текот на денот речиси и да не ги забележуваме.

Постојат повеќе илустрации поврзани со овој ефект, но за сите важи истото, ако се концентрираме на една точка од нив, остатокот исчезнува од нашиот вид.

Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект? Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?

Погледнете ги и овие 16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар