Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница

Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница

Ребека Марин е 28-годишна бринета од Њу Џерзи. Таа била родена без десната подлактница и дланка, па токму затоа и денес има бионичка рака. Прв пат на модната сцена се појавила во февруари, како манекенка за дизајнерот Антонио Урзиј, чии модели најчесто ги носат Лејди Гага и Бијонсе. Нејзиното следно појавување ќе биде на модната недела во Њујорк, на 13-ти септември оваа година каде што ќе биде дел од групната ревија на млади дизајнери.

(1) Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница

„Ова е еден начин да се чувствувам прифатено во модната индустрија, но ми помага и да рушам бариери“, вели таа и додава дека подготовката за оваа ревија воопшто не е лесна за манекенките. „Најтешкиот дел е одењето. Тоа изгледа лесно, но станува збор за вистинска наука! Колкови, рамена, лице… сè треба правило да се држи.“

Без разлика на овие „слатки маки“, Ребека вели дека сака да ја освои светската модна сцена и со тек на време да го добие своето место на насловната на Вог. Дали таа ќе успее? Останува да видиме…

(2) Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница (3) Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница (4) Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница (5) Иако била родена со инвалидитет, на оваа манекенка само небото ѝ е граница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар