И тие имаат комплекси: Славните дами откриваат што не сакаат на себе
Иако секогаш се дотерани и во топ форма, некои од славните дами сепак не се задоволни од својот изглед.
И покрај многубројните комплименти, холивудските дами даваат изјави како им пречат нивните премали задници, целулитот или широките рамена. Но, зошто се толку незадоволни со себе?
1. Анџелина Џоли
Иако е помеѓу најголемите секс-симболи на холивудската сцена, таа изјави дека не ги сака своите усни затоа што ѝ се преголеми. Иако обожава да се смее, вели дека ѝ е многу непријатно затоа што има широка насмевка. Неверојатно, но вистинито.
2. Џенифер Лопез
На многумина ова ќе им звучи неверојатно, но пејачката не е задоволна со својот задник за кој вели дека е преголем.
3. Скарлет Јохансон
Иако повеќе пати е прогласена за најсекси дама во Холивуд, оваа актерка не ги сака своите тркалезни образи и куси нозе.
4. Никол Кидман
Светски популарната актерка вели дека е многу слаба и дека има тело како на мало момче. Нејзината желба е да има повеќе облини и некој килограм плус.
5. Џесика Алба
Познато е дека оваа актерка е доста самокритична и не си дозволува да има вишок килограми и опуштена кожа, па затоа секојдневно вежба. Но, Џесика еднаш има кажано дека не ги сака своите гради и широки колкови.
6. Кетрин Зета Џоунс
Актерката која до ден-денес воодушевува со својата убавина, не ги сака своите очи. Во едно интервју ги нарекла „дупки во песок“.