Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Џесика Меклард е идејниот творец на малите улични шкафчиња во кои можат да се оставаат храна и средства за хигиена во градот Фајетвил, Арканзас, а се наменети за луѓето од соседствата кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба.

Таа го забележала големиот успех што го постигнале уличните мини библиотеки за размена на книги и оттаму дошла на идејата да создаде модел за размена на храна и основни средства за хигиена, кои би им послужиле на луѓето од соседствата чијашто финансиска ситуација не е најповолна. Откако Меклард нашла средства да го изгради и постави првото шкафче во близина на локалната црква, идејата наишла на голем успех и одобрување од заедницата. Сега таа има голем број фанови на социјалните мрежи, а малите дрвени шкафчиња никнуваат како „печурки“ и во други градови.

Ова е еден прекрасен пример како едноставна идеја може да прерасне во значаен социјален и хуман проект.

(1) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Едноставните шкафчиња се претвориле во симбол на сочувство и дарежливост.

(2) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Првото шкафче било поставено на 10-ти мај 2016 -та година, во близина на локална црква во Фајетвил.

(3) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Џесика се изненадила од тоа на колку добар одѕив наишла нејзината идеја. Шкафчињата секој ден се преполни со храна којашто ја оставаат хуманите луѓе.

(4) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Идејата ја преземаат и во други делови од градот, како и пошироко.

(5) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Путер од кикирики, пелени за бебиња и средства за хигиена се производите кои секогаш ги има на располагање.

(7) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена

Кога едно од дрвените шкафчиња било поставено во близина на училиште, тоа освен со храна, почнало да се полни и со училиштен прибор.

(8) Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар