Хонда го освои небото

Хонда го освои небото

Перфекционистите од Хонда презентираа, за нив, едно поинакво превозно средство со кое го освоија небото. При крајот на 2010, Хонда официјално го прикажа „ХондаЏет“, прототипот од својот лесен авион на млазен погон кој ветува подобра ефикасност на горивото во споредба со сличните авиони на конкуренцијата.
Хонда го освои неботоНовиот „ХондаЏет“ може да се пофали со подобрена економичност на горивото благодарение на неговата мала тежина, композитните материјали, усовршената аеродинамика и моторите со голема ефикасност монтирани на горната страна од крилата. Во време кога воздушниот сообраќај станува се поскап, делумно поради големите трошоци за гориво, подобрената потрошувачка за 20% е добредојдена за оние кои преферираат приватно да летаат. Покрај намалената потрошувачка, најавено е дека тој ќе биде побрз, но и помалку бучен од конкурентските авиони. Моторите на авионот ќе бидат изработени од „General Electric“.
Хонда го освои неботоКолку ќе чини еден „ХондаЏет“, за жал сè уште не се знае. Авионот засега ќе остане прототип, но сепак се чини дека тие сериозно се посветени да влезат во бизнисот за производство на авиони. Проектот изгледа импресивно, зарем не?
Хонда го освои неботоВидео од првиот официјален лет на „ХондаЏет“ на 20 декември 2010 година:

Хонда го освои неботоХонда го освои неботоХонда го освои небото


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар