Холандија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нив
Покрај намалената стапка на криминал во земјата, тајната на Холандија за празнење на затворите е однесувањето кон затворениците како кон човечки суштества. Тоа функционира навистина добро, само во 2018 година биле затворени 4 затвори, а некои од нив биле претворени во домови за бегалци.
Погледнете како холандскиот систем успеал да го намали полнењето на затворите со помош на емпатичен, човечки пристап кон криминалците.
Третирајте ги како човечки суштества и тие ќе се однесуваат човечки
Овозможувајќи специјална рехабилитација за лицата со ментални нарушувања, холандскиот правосуден систем ја намалува популацијата во затворите. Овој систем се заснова на превенција и разбирање, а не на казнување. Луѓето кои извршиле кривични дела честопати се соочувале со парични казни и/или се принудени да присуствуваат на програми за психолошка рехабилитација. Затворските казни, едноставно ги намалиле, откако долгогодишните затворски казни се покажале како неефикасни.
Овие нови мерки ги нарекувале алтернативни пресуди и се засновале на идејата криминалците да бидат третирани како човечки суштества кои сè уште ќе можат да бидат корисни за општеството по рехабилитацијата. Според психологот Мириам Ван Дриел начинот на кој се однесувате кон луѓето, сегде, па и во затвор, прави голема разлика во тоа како тие возвраќаат на општеството. Ако ги третирате како кучиња, тие ќе се однесуваат како кучиња, но ако ги третирате како човечки суштетства, тие ќе се однесуваат како човечки суштества.
Интервентните програми им помагаат на луѓето кои се во затвор
Луѓето кои одат во затвор имаат можност да следат програма за терапија за да се вратат во општеството што е можно побрзо. Овие интервентни програми имаат за цел да ја заштитат јавноста, но и да ги рехабилитираат оние што се во затвор. Според оваа студија, програмите се покажале како успешни, иако, некои исто така тврделе дека се осмислени за лекување на мажи и дека жените имаат помалку корист од нив.
Нови домови за бегалците
На крај, многу од холандските затвори биле напуштени. Некои од нив дури им биле изнајмени на други земји, додека други ги претвориле во луксузни хотели или сместувачки капацитети за бегалци. Тие планираат еден од најпознатите холандски затвори, Копелгевангенис, да го претворат во универзитет.
Можеби сакате да прочитате и зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?