Гулаб кој го уништува светот поради едно колаче
Кратка содржина: Во краткиот анимиран 3Д филм „Pigeon Impossible“ (Невозможниот гулаб), станува збор за еден таен агент кој е почетник во својата работа и се соочува со редок проблем кој не се сретнува во почетните тренинзи: што да направи кога љубопитен гулаб ќе се заглави во внатрешноста на мултимилионска нуклеарна актовка, која му е дадена од владата на САД? 🙂
За изработката на овој краток филм, на режисерот и сценарист Лукас Мартел, му биле потребни околу пет години за да го комплетира, а воедно претставува и негов прв обид за анимација.
.
„Започнувањето на овој проект, најпрво ми беше изговор да научам да работам 3Д анимација, но при крајот потрошив толку време преработувајќи го и „мазнејќи“ го сценариото, бидејќи сакав публиката да се смее додека го гледа.“
Крајниот резултат е едно хумористично 6-минутно беснеење по улиците на Вашингтон, додека нашиот херој се бори да се спаси себеси и светот од хаосот предизвикан од еден гладен гулаб. Воодушевувачките визуелни ефекти и сеопфатниот саундтрак ја отсликуваат работата на стотина талентирани уметници и музичари, а филмот е тестамент за она што може да биде постигнато од тим сочинет од посветени волонтери, кои работеле од љубов кон нивниот занает. Добро завршената работа ја докажуваат и многуте добиени награди: Прва награда за најдобар краток филм на светскиот филмски фестивал во Монтреал, најдобра анимација прогласена на филмскиот фестивал во Савана и уште многу други.
———————————————————————————————————————————————————————-
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.