Градот на љубовта: 10 идеи за романтично патување во Париз - Part 2

Градот на љубовта: 10 идеи за романтично патување во Париз

6. Le mur des je t’aime (Ѕидот Те сакам)

Ѕидот на љубовта е дефинитивно место кое мора да го посетите на ова ваше романтично патување. Илјадници „Те сакам“ испишани на повеќе од 300 различни јазици кои стојат во позадина додека се бакнувате и ѝ изразувате бескрајна љубов на вашата сакана половина.

6.1-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk 6.2-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk

7. Fontaine Médicis (Фонтаната на Медичи)

Романтично бегство во Луксембуршките Градини кое ќе ви ги подари мирот, спокојот и тишината во присуство на саканиот/ата. Фонтаната на Медичи е прекрасен извор на романса.

7.1-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk 7.2-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk

8. Hôtel de Ville (Отел де Виљ)

На ова место може да го рекреирате познатиот Бакнеж на Тротоарот кој припаѓа во групата виновници кои стојат зад означувањето на Париз како град на љубовта. Најдете си место во кафетеријата на тротоарот точно под буквата „C“ и бакнете се со љубовта на вашиот живот. Овој бакнеж нема никогаш да го заборавите.

8.2-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk Couples Kissing on Valentine's Day in Paris to the style of Robert Doisneau's famous photo

9. Musée Carnavalet (Музејот Карнавале)

Легендата зад ова место налага да се бакнете, прегрнете, да си кажете нешто убаво или да направите некој романтичен гест низ ходниците на оваа зграда или во нејзините градини. Векови наназад се направиле најразлични страсни подвизи и се кажале најубави романтични зборови, па сето тоа го прави овој музеј едно од местата кои мора да се посетат.

9.1-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk 9.2-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk

10. Jardin des Tuileries (Градините на Тулери)

Овие градини се место каде паровите низ многуте години уште од далечно минато се среќавале и уживале во пријатната атмосфера која ја нудат. Романтични прошетки кои водат до Елисејските полиња, бакнежи во убавата природа и држење за раце – денот не може да биде поромантичен.

10.1-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk 10.2-gradot-na-ljubovta-10-idei-za-romantichno-patuvanje-vo-pariz-kafepauza.mk

Овие предлози се само дел од малиот милион места кои го прават Париз совршен избор за романтично патување од соништата. Сосема сигурно ќе сакате повторно да се вратите и да уживате во неверојатниот амбиент на париските сокачиња, природата и спокојот на многубројните паркови и чувството на несвесна заљубеност кое само Париз може да го предизвика кај вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар