Големиот Попа - булдогот кој е тажен, бидејќи не може да си игра надвор со децата

Големиот Попа – булдогот кој е тажен, бидејќи не може да си игра надвор со децата

Со моменталното седење дома, може да се претпостави дека повеќето домашни миленичиња уживаат во времето поминато со нивните омилени луѓе. Сепак, исто како и човечките суштества, некои домашни миленици не можат да го прифатат целосното затворање дома. Меѓу нив е и тригодишниот булдог по име Големиот Попа или Поп како што го нарекува неговата стопанка Рашида Елис.

Елис неодамна споделила фотографија од Поп како седи на балконот со намуртено лице. Кученцето гледало како некои деца си играле надвор и многу сакало да им се придружи, па дури и правело звуци за да им го привлече вниманието. За жал, децата не го слушнале, бидејќи тој бил премногу далеку и тоа многу го натажило. Очигледно е дека за време на изолацијата Поп копнее да биде помеѓу луѓето.

Како што гледате, Поп е исклучително социјално куче. Тој сака да се дружи со деца, возрасни како и со други кучиња, па седењето дома и социјалното дистанцирање му се голем предизвик.

Запознајте ја и оваа желка која е толку стара што има живеено во 3 века.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар