Необична приказна: Ги сечел ноктите цела година и од нив направил веренички прстен

Необична приказна: Ги сечел ноктите цела година и од нив направил веренички прстен

Не можат сите парови да си дозволат дијамантски прстен, но овој Јапонец успеал да направи една многу уникатна варијанта. Своите стари нокти ги сомелел, ги стопил и направил прстен од нив.

Ги сечел ноктите цела година и од нив направил веренички прстен

Наместо да фрлаат пари, некои парови одлучуваат да купат поевтини прстени или да ги направат од предмети кои имаат сентиментална вредност за нив. И додека многу луѓе немаат проблем со тоа да бидат запросени со прстен кој не е посебно злато или сребро, сепак постојат материјали од кои многумина се зачудуваат, како оној направен од човечки нокти.

Еден маж од Јапонија цела година ги чувал остатоците од своите исечени нокти за потоа тој материјал да го претвори во „дијамантски“ прстен.

Всушност, тој има свој канал на Јутјуб каде што прави видеа за изработка на предмети. За ова видео, тој собирал нокти 365 дена и ја снимил постапката за нивното претворање во накит.

Собраните нокти ги сомелел во блендер, а потоа уште еднаш во посебна мелница за да добие форма на прав. Потоа тој прав го ставил во тава со вода и ја мешал на загреана плоча. Откако ја добил посакуваната смеса, ја ставил во печка. Од печката излегла смеса која наликувала на темна глина. Потоа таа смеса ја ставил во калап во форма на дијамант, а потоа ја ставил во сребрен прстен.

Готовиот производ бил прстен со црн камен. На прв поглед ретко кој може воопшто и да претпостави од што е направен тој прстен.

Секако, за некои ова делува одвратно, но е дефинитивно чудно и необично. Погледнете го целиот процес во видеото.

Доколку не ви се допадна овој метод, но барате необичен веренички прстен, погледнете ги овие 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар