Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1
Фудбалската игра се сфаќа како најважната споредна работа на светот без која животот би бил сосема поинаков. Оваа реченица е лесно сфатлива и многу реална доколку би бил прашан некој од посилниот пол, но доколку запрашате жена таа би ви се изнасмеала.
Нормално, додека мажот длабоко е навлезен во екранот обидувајќи се да ја разбере филозофската поставеност на новата тактика на тренерот, притоа возбудувајќи се и воздивнувајќи на секое ново волшепство на виртуозите кои се излезени на зелениот тепих, жената гледа само 22 будали кои се обидуваат да го земат малото бело топче притоа несфатливо и дивјачки убивајќи се самите себеси. Но не е се така црно-бело.
Иако се малку, има припаднички од понежниот пол кои длабоко се вљубени во магијата на фудбалот, но сепак мнозинството гледаат фудбал само кога мораат, како на пример кога е во тек Светско Првенство, па треба да се вклопат во амбиентот и еуфоријата, или пак им се допаѓа некој фудбалер. Без разлика дали вашата цел е навистина да ја засакате оваа игра или пак сакате да научите нешто повеќе за да го импресионирате вашето момче или друштвото со кое излегувате, тука ќе можете да ја добиете основата за правилата, историјата и актуелностите поврзани со фудбалот.
Основни правила
- Секогаш се натпреваруваат два тима кои се составени од по 11 играчи (1 голман и 10 играчи)
- Топката со која се игра е бела, а во снежни услови портокалова
- Натпреварот трае 90 минути (две полувремиња по 45 мин., со пауза од 15 мин. помеѓу нив)
- За регуларноста на натпреварот се грижат 4 судии, од кои 1 е главен (трча по теренот заедно со играчите), 2 се линиски (се движат по страничните бели линии) и 1 е помошен (се грижи за замените на играчите и покажува колку минути се надополнува на регуларното време)
- Секој тим има право да направи 3 замени во составот во текот на целиот натпревар (освен ако се игра пријателски натпревар, па тоа да е поинаку регулирано)
- Теренот на кој се игра е поделен на две половини, а пред двата гола е исцртано поле од 16 метри во кое само голманот има право да игра со рака – тоа е шеснаесетникот
За почеток овие правила би биле сосема доволни, но со редовно читање на оваа рубрика сите коцки од мозаикот ќе дојдат на своето место. Време е да почнете да ги сфаќате мажите малку повеќе, па дури и да ги импресионирате со она што тие не очекуваат да го знаете.
so pauza od 10 min pomegu natprevarite 😛
хахахахахахахаааааааааааааааааааааа леле мајко… ова за ептен неписмени е 😀
i’m female and i’m huge football fan 😀
by the way, ma4os… 15 min e паузата 😉
Deee ko retardirani da sme 😀
Jas ne sakam fudbal i u sustina mislam deka 22 budali se brkaat po topceto ama gi znam ovie pravila.