Фотографија од деца облечени како доктор и медицинска сестра предизвика бурни реакции на Твитер

Фотографија од деца облечени како доктор и медицинска сестра предизвика бурни реакции на Твитер

Изгледа дека секој ден се појавува по некоја контроверзија на Твитер. Овој пат станува збор за фотографија од две деца која навистина го разгневи Интернетот. Проблемот со фотографијата е облеката на децата.

Фотографија од деца облечени како доктор и медицинска сестра предизвика бурни реакции на Твитер

Девојчето носи розова униформа на кој пишува „Медицинска сестра во тренинг“, а момчето носи зелена униформа со натпис „Доктор во тренинг“. На објавата веќе има над 2.000 коментари и е споделена над 4.500 пати, но според коментарите, навреди многу повеќе луѓе наместо да ги насмее.

Многу мажи медицински сестри и жени доктори, како и други медицински професионалци, истакнале дека овие професии не гледаат пол. Една личност дури и ја обработила фотографијата менувајќи го натписот на децата во „Медицински професионалци“.

Прочитајте ги во продолжение реакциите на луѓето…

„Зошто не е и таа доктор? Или зошто момчето не е медицинска сестра?“

„Како го објавивте овој твит од 1950-та година“

„Брат ми е медицинска сестра и фантастичен е во својата работа.“

„Исто! И брат ми е медицински ‘брат’ и тој е најдобриот! П.С. Докторите во нашето семејство се жени.“

„Ова е сексизам. Им ставате покрив на соништата на ова мало девојче. Ѝ велите: ‘Ти можеш да бидеш медицинска сестра, а момчињата можат да бидат доктори. Стој на своето место.’ Да се надеваме и дека не сте ја присилиле да носи розово само бидејќи е млада дама.“

„Децата се слатки. Сексизмот на нивниот грб НЕ.“

„Имам чувство дека ова нема да заврши добро.“

Други пак, се спротивставуваат на гневот на луѓето и сметаат дека целата ситуација ја прават поголема отколку што навистина е.

„Смешно ми е бидејќи децата на фотографијата се веројатно позрели од возрасните кои се жалат за неа.“

„Дали некој ги прашал децата? Можеби нејзиниот сон е да биде медицинска сестра, а неговиот да биде доктор и затоа се облечени така. Луѓето треба да престанат да брзаат со заклучоци и да гледаат само она што го сакаат!“

„Само затоа што мажите можат да бидат медицински сестри и жените можат да бидат лекари не значи дека секоја фотографија треба да го прикажува тоа, бидејќи погодете што – може да биде добар и традиционалниот начин.“

„Што ако нејзиниот ТАТКО е медицинска сестра и таа сака да биде како него?“

„Престанете да се навредувате од сè! Фотографијата е преслатка!“

Што мислите вие? Дали навистина станува збор за сексизам, или само за слатка фотографија од две деца?

Погледнете ги и најпознатите стереотипи за мажите наспроти жените прикажани низ илустрации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар