Фотографии од кралицата Елизабета II кои покажуваат создавање на модерната историја

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Неодамна кралицата Елизабета II го прослави својот 92-ри роденден, а штотуку повторно стана прабаба, дочекувајќи го раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт. Таа е монарх кој најдолго владее од британскиот кралски трон, цели 65 години, а во текот на нејзиното владеење во Велика Британија се смениле 21 премиер. Нејзиниот живот, од самото раѓање, е почеток на нова ера во модерната историја.

Овие фотографии од нејзиниот живот покажуваат како таа ги поминала сите овие децении на креирање на модерната историја која денеска ни е добро позната.

Нејзиното детство

Родена е во 1926 година, прво дете на војводата и војвотката од Јорк. Во 1936 нејзиниот татко станал крал, откако нејзиниот чичко кралот Едвард VIII се повлекол од тронот за да се ожени со два пати разведената Волис Симпсон. На овој начин, малата Елизабета дојде најблиску што може до кралскиот трон.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Поради преземањето на тронот од страна на нејзиниот татко, принцезата Елизабета, заедно со нејзината мајка, биле вклучени во многу општествени настани.

Светските војни и создавање на семејството

Со самиот почеток на Втората светска војна, таа ја имала првата радио емисија, заедно со сестра ѝ Маргарет, преку која се обиделе да ги смират, а во исто време и да ги охрабрат храбрите Британци.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

На своја 18-годишна возраст таа станала дел од женските воени сили. Во Лондон била обучена за механичар и возач на воени возила.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

На крајот на војната, тогаш уште принцеза, Елизабета добила херојско одликување од тогашниот премиер Винстон Черчил.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Две години подоцна, се венчава со поручникот Филип Монтбатен. Граѓаните кои сакале да ги посакаат своите најдобри желби чекале во редици по улиците за да стигнат до прославата.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Во 1948 година е родено нивното прво дете принцот Чарлс.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Две години потоа е родена принцезата Ен, која е единствена ќерка на кралицата Елизабета II. По неа следуваат принцот Ендрју, во 1960 година и принцот Едвард, во 1964 година.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Преминот од принцеза во кралица

Во 1951 година, здравјето на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, сериозно се влошило, па принцезата Елизабета презела голем дел од кралските задачи.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Една година подоцна, татко ѝ умира, со што таа станува наследник на тронот. Одлучува да биде крунисана со своето и името на мајка си и станува кралица Елизабета II.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Таа со семејството и уште две кучиња од расата корги се вселуваат во Бакингемската палата. И до денес кралицата е љубител на оваа раса, а неодамна почина последното од корги кучињата кои таа ги чуваше, поради што била многу тажна и вознемирена.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Деколонизација и времето на Џон Кенеди

Кралицата Елизабета II само два пати се нема појавено на Државното отворање на британскиот парламент, еднаш во 1959, кога била бремена со принцот Ендрју и вториот пат во 1963, кога го очекувала принцот Едвард.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Сепак, малиот Ендрју во 1961 година го прославил својот прв роденден без родителите, кои биле на службено патување во Индија, Пакистан, Непал и Иран. За време на ова патување оствариле официјална средба со претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Џеки.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

По атентатот врз Кенеди, во полињата каде што Магна Карта е најблиску до реката Темза, кралицата Елизабета II постави споменик во негово сеќавање, во присуство на Џеки и децата.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Истата година починал и сер Винстон Черчил, а поворката ја предводела самата кралица, веднаш зад сер Џејмс Милер, кој го носел мечот на жалоста.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Во текот на 60-тите и самиот почеток на 70-тите, започнала деколонизација на деловите од Африка и Карибите, со што 20 држави стекнале независност. По осамостојувањето на Гана во 1957, во 1961 се случи еден од најпознатите моменти во историјата, нејзиното приклучување во Комонвелтот. Тогашниот претседател на Гана, Кваме Нкрума, со танц со кралицата ја прославил трансформацијата на државата во република.

Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар