Фонтани кои го одземаат здивот
Спектакуларни млазеви вода, пријатна музика и безброј светла – сето тоа од една фонтана прави врвно архитектонско дело кое го одзема здивот. Погледнете некои од најубавите од нив.
Магичната фонтана во Монжуик, Барселона
Фонтаната во три концентрични кругови во квартот Монжуик во Барселона е една од причините поради која туристите сакат да го посетат овој град. Тие уживаат гледајќи ја водата како танцува во ритамот на музиката, а светлата само го надополнуваат магичниот впечаток.
Фонтаната пред Големата дива гуска, Ксијан
Млазови вода скокаат во воздухот во ритамот на музиката пред пагодата Голема дива гуска во кинескиот град Ксијан. Луѓето слободно се шетаат во бајковитата околина помеѓу млазовите распоредени на речиси 17 хектари.
Фонтаната Дубаи, Дубаи
Фонтаната во Дубаи е уште еден обид на нафтените богаташи да го импресионираат светот. Ова е најголемата, највисоката и најскапата фонтана на планетата, сместена на сред вештачкото езеро пред зградата Бурџ Калифа.
Фонтана Ди Треви, Рим
Фонтана Ди Треви е според многумина најромантичното место во романтичниот Рим. Верувањето вели дека една фрлена паричка во нејзините води значи дека повторно ќе се вратите во преубавиот град.
Крунска фонтана, Чикаго
Во Милениумскиот парк во Чикаго е сместена спектакуларната Крунска фонтана, дело на каталонскиот уметник Жауме Пленса. Тоа е впечатлив стаклен блок кој го менува изгледот благодарение на бројните диоди и буквално плука вода на радост на децата кои уживаат во неа.
Фонтана на богатството, Сингапур
Фонтаната на богатството, сместена во срцето на бизнис центарот во Сингапур, е симбол на сето она што денес претставува градот – богатство, грандиозност и хармонија.
Фонтаната на месечевото виножито, Сеул
Вкупно 10.000 ЛЕД светилки ги осветлуваат скоковите на млазевите вода од двете страни на мостот Банпо во Сеул. Штом падне ноќта, 1140 метри долгата фонтана започнува да си игра со вода, музика и светло, давајќи му романтичен шмек на градот во кој инаку доминира високата технологија.
Овалната фонтана, Тиволи
Од сите 500 фонтани во преубавиот Тиволи, најголем впечаток остава фонтаната дел‘Овато. Украсена со винова лоза и „населена“ со мермерни нимфи, таа е прекрасен споменик на италијанската архитектура.
Белаџо, Лас Вегас
Сопствениците на казиното Белаџо во Лас Вегас ја изградиле оваа фонтана за да привлечат гости во својот објект, но покрај тоа добиле едно од најпознатите обележја на градот.
Фонтаната на кралот Фад, Џеда
Оваа величествена фонтана е изградена како донација од арапскиот крал Фад. Се наоѓа на брегот на Црвеното Море, а кога времето е мирно исфрла вода во височина поголема од онаа на Ајфеловата кула.