Феноменот огнени виножита

Феноменот огнени виножита

Огнените виножита не се ниту оган, ниту виножита, но се нарекуваат така поради нивните брилијантни пастелни бои и изгледот кој наликува на пламен. Поточно, тие се познати како „circumhorizontal arc“ (околу-хоризонтален лак) – леден ореол кој се формира од шестоаголните, сплескани ледени кристали во високите нивоа на облаците цируси. Ореолот е толку голем што изгледа како лакот да е паралелен со хоризонтот, па оттука доаѓа и името.

Феноменот огнени виножита

Светло обоените огнени виножита најчесто се појавуваат за време на летото и помеѓу одредени географски ширини. Кога сонцето е високо на небото, сончевата светлина влегува право, делејќи ги ледените кристали на поединечни бои, исто како низ призма. Состојбата која е потребна за да се формира огнено виножито е многу специфична – сонцето мора да биде над висината од 58 степени, на небото да има цируси со сплескани ледени кристали и сончевата светлина да навлегува во атмосферата под специфичен агол. Токму поради сите овие услови, овој фасцинантен феномен е толку редок.

Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар