Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Во летните месеци, жителите на швајцарскиот град Базел одат по улиците со светли торби во форма на риба. Станува збор за водоотпорна торба што ја користат за чување на своите работи кои ќе им требаат кога ќе решат да пливаат во реката Рајна.

Некои од жителите на овој град тврдат дека на овој начин се релаксираат после работа, додека други сакаат само да го избегнат метежот во сообраќајот.

Оваа река во јули и август е место за забава на многу жители на Базел. И покрај тоа што просечната летна температура во Базел е само 25 Целзиусови степени, а реката Рајна се карактеризира со многу брз и непредвидлив проток кој се препорачува само за најдобрите пливачи, сепак многумина во неа бараат освежување.

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Повеќето пливачи пливаат на делот меѓу мостовите Шварцвалд и Јоханитер и оставаат да ги носи струјата. Околу реката Рајна нема спасители, па ако сакате да пливате, тоа е на ваш сопствен ризик.

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

Погледнете како изгледа ова во пракса.

Можеби ќе ве интересира и кои се настаните што се случуваат многу ретко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар