Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Дали некогаш сте си помислиле како е да бидете затворени во ментална установа иако сте совршено здрави? Веројатно мислите дека ова е ирационален страв, зарем не? Едноставно ќе кажете дека сте „нормални“, дека немате сериозни проблеми со менталното здравје, и можете слободно да си одите.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Но изгледа дека постои нешто навистина чудно со менталните институции, бидејќи штом еднаш ќе влезете, не е толку едноставно да излезите.

Во 1969-та година, психологот Дејвид Росенхан направил експеримент и го нарекол „Да се биде нормален на ненормални места“.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Целата идеја зад овој уникатен експеримент била да се тестира колку е лесно да се влезе во ментална институција, а колку е тешко да се излезе. Дејвид собрал 8 луѓе – 3 жени и 5 мажи, и секој од нив бил примен во разна психијатриска установа. Помеѓу испитаниците имало психолози, педијатар, психијатар, сликар и домаќинка. Секој од нив изјавил дека слуша гласови кои повторувале три збора – празно, здодевно и удар.

Доволен бил само овој симптом за испитаниците да бидат примени во установите. Дејвид изјавил дека му било страв дека брзо ќе бидат фатени, но овој страв бил далеку од реалноста.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Штом испитаниците стапнале во болниците, сите почнале да тврдат дека им исчезнале симптомите и се чувствувале подобро. Но ова не било доволно за да ги ослободат. Всушност, ниту еден од вработените не забележал дека овие луѓе можеби ги лажирале нивните проблеми со менталното здравје.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Биле потребни од 7 до 50 денови за сите испитаници да бидат ослободени од болниците, но никој од нив не бил обележан како здрав. Сите биле ослободени со дијагнози како манична депресија, па дури и шизофренија.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Иако испитаниците се однесувале сосема нормално, нивните постапки, како на пример, пишување дневник, се сметале за вознемирувачки. Исто така со нив се однесувале лошо, иако тие биле добри кон негувателите. Понекогаш се соочувале и со малтретирање. Дејвид го употребил зборот „дехуманизирачко“ за да го опише целото искуство.

Она што е можеби најинтересно е дека од 118-те вистински пациенти, 35 забележале нешто невообичаено кај испитаниците. Изјавиле дека сметале дека се новинари или професори кои спроведуваат експеримент.

Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

Целиот експеримент резултирал со едноставен заклучок – менталните институции почесто погрешно дијагностицираат здрава личност како болна, наместо болна како здрава. Дејвид запишал:

„Очигледно е дека не можеме да ги разликуваме лудите од нормалните во психијатриските болници.“

Дали знаете кои се најчестите погрешни сфаќања за психотерапијата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар