Ефектите на неспиењето: Експериментот спроведен на оваа жена дава зачудувачки резултати

Ефектите на неспиењето: Експериментот спроведен на оваа жена дава зачудувачки резултати

Сите знаеме дека квалитетниот сон во текот на ноќта е клучен за одржување добра здравствена состојба. Но, поголем дел од луѓето сметаат дека им се потребни 8 часа сон за да можат правилно да функционираат, додека пак други тврдат дека им се доволни и 6 часа. Токму затоа и група научници се обиделе да откријат која е вистинската формула за спиење.

2-efekti-od-nedovolnoto-spienje-eksperimentot-sproveden-na-ovaa-zhena-dava-zachuduvachki-rezultati

Сара Чалмерс е 46-годишна жена од Велика Британија која неодамна учествувала во експеримент каде што се испитувале ефектите од недоволното спиење, а целта била да се покажат последиците кои произлегуваат од тоа. На почетокот од експериментот, научниците ја анализирале состојбата на кожата на Сара, со помош на скенирање на лицето. На крајот од експериментот, резултатите ги оставиле научниците без зборови.

„Изгледав постаро отколку за моите 46 години. Околу очите имав темни кругови, а мојата кожа беше матна, со зголемени пори и тоа можеше да се види од далеку. Како врв на сѐ, почнаа да ми се појавуваат и неколку точки на мојата брада. Бргу се заморував и бев многу нервозна. Мразев да го гледам својот одраз“, вели Сара.

За време на првиот дел од експериментот, Сара не спиела повеќе од 4 часа во текот на ноќта (од 2 до 6 часот). За време на овој период таа рекла дека не се чувствува уморно, но дека исто така и дека не се чувствува како да е доволно одморена.

„Секој ден во 3 часот попладне имав некое чудно чувство, како мамурлак“, вели таа.

Во втората фаза од експериментот, Сара спиела 5 и пол до 6 часа во текот на ноќта за време од една недела. До средината на оваа недела, таа забележала некои промени: Почнала побргу да се уморува и почесто јадела слатки работи за да добие повеќе енергија.

Сара Чалмерс по шест часа спиење

Сара по 6-часовен сон

Како го објаснуваат ова лекарите? Недостатокот на сон поттикнува лачење кортизол – хормонот одговорен за стрес. Ова ја прави личноста понервозна. Недоволното спиење исто така ги активира масните жлезди, што доведуваат до проблеми со кожата. Недостатокот на одмор во текот на ноќта исто така го спречува хормонот за раст, кој го враќа системот на телото на оптималното ниво.

Во последната фаза од експериментот на Сара ѝ бил вратен нормалниот распоред за спиење. Таа спиела не помалку од 8 часа во текот на ноќта, а позитивните резултати се забележале во рок од една недела, кога исчезнале нејзините проблеми со кожата, а таа станала помалку нервозна.

Сара Чалмерс по осум часа спиење

Сара по 8-часовен сон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар