Едноставен трик: За само 40 секунди ослободете се од стресот
Постојат голем број истражувања кои потврдуваат дека времето минато во природа добро му влијае на нашето здравје. Зеленилото и свежиот воздух ја подобруваат нашата ментална и физичка состојба. Но, една неодамна спроведена студија објавена во „Environmental Psychology“ укажува на тоа дека луѓето кои едноставно гледаат во фотографија на која има убав пејзаж од природата, за само 40 секунди го подобруваат својот фокус и се ослободуваат од стресот. Кратката пауза, во која ќе гледате во зеленило од природата може да ви го одржи вниманието и да ви го разбистри умот.
Доколку немате можност да излезете во природа, што секако е најдобра варијанта, додека со часови работите на вашите компјутер, најдете 40-тина секунди да погледате во некоја убава фотографија. Ние ви нудиме неколку прекрасни глетки.