Едноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штикли
Колку пати ви се случило вашиот најубав пар високи потпетици да бидат и оние кои ви создаваат најразлични болки и начини да посакувате да плачете? Но, не грижете се. Благодарение на овој едноставен трик вие ќе можете да се изборите со плускавците и да уживате во вашите чевли целосно, без притоа да се грижите за болката.
Сè што ви е потребно е дезодоранс, во форма на спреј или стик. Пред да ги обуете вашите „убиствени“ штикли, намачкајте ја или испрскајте ја областа која ви создава триење на вашите стапала или прсти, односно онаму каде што најчесто ви се појавуваат плускавци. И тоа е тоа.
Како функционира овој метод? Дезодорансот е дизајниран да ја впива потта. Со оглед на тоа што потта е виновникот за лизгањето и триењето на вашето стапало од внатрешноста на чевлите, резултирајќи со плускавци, доколку ја отстраните ќе ја спречите целосно и нивната појава.