Жена која го прославила својот 107-ми роденден, ја споделува тајната за долг живот: Останете сингл!
Луис Сигнор, која живее во Бронкс, Њујорк, се придржува кон здрава исхрана и редовна физичка активност. Но, таа верува дека вистинската причина што таа уживала во животот повеќе од еден век, е тоа што никогаш не стапила во брак.
„Доколку има вежбање, вежбам. Доколку има танцување, танцувам. По мојот ручек играм бинго, па така целиот ден ми е исполнет“, вели Сигнор. „Мислам дека вистинската причина за достигнување на 107 години е тоа што никогаш не се омажив. Мислам дека тоа е тајната. Мојата сестра вели: ‘Посакувам и јас никогаш да не се омажев’.“
Сестрата на оваа жена има 102 години, па можеби долговечноста им е во крвта на нивното семејство.
Сигнор го прославила својот роденден со забава во Центарот на заедницата Бартоу, на која присуствувале повеќе од 100 лица.
Алелиа Марфи (114), моментално го држи рекордот за најстара жена која живее во Америка. Марфи живее во Харлем, Њујорк, што е истото место во кое и Сигнор била родена.
Дознајте и кои се 9-те навики на долговечните луѓе.