Единствената причина поради која не смеете да се срамите од вашето тело
Во последно време често сме сведоци на бројни кампањи кои се обидуваат да стават крај на засрамувањето за различните видови тела и начинот на кој овој процес штетно влијае врз здравјето на луѓето. Но, според неодамнешни истражувања, последиците на засрамувањето се многу посилни отколку што претходно се верувало.
Живееме во време кога постојано сме изложени на критики за нашиот изглед. Жените постојано се проценуваат и посрамуваат доколку нивните тела не одговараат на наметнатите стандарди за убавина и затоа често се чувствуваат лошо. Истражувачите ја нарекуваат оваа појава „телесно посрамување“ кое не влијае само врз психолошката состојба, чувството на вредност и самодовербата кај жените, туку создава и чувство на социјална инфериорност, како и предизвикува здравствени проблеми.
Резултатите од истражувањето спроведено на голема група жени покажало дека оние кои имале ниска самодоверба и се срамат од своето тело се многу посклони на различни инфекции, болки и други здравствени проблеми. Тоа воопшто не изненадува со оглед на тоа што психолошката состојба е директно поврзана со здравствената. Но, ова е прв пат да се откријат вистинските ефекти на телесното посрамување.
Поуката која може да се извлече од ова истражување е многу едноставна – ние би требало да го сакаме нашето тело без оглед на сè, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да го одржуваме неговото здравје.